По „провокативните изјави“ на Медведев, Трамп наредил распоредување на две нуклеарни подморници во близина на Русија

153

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во понеделникот изјави дека наредил две нуклеарни подморници да бидат позиционирани во региони во близина на Русија како одговор на заканите од поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.

„Наредив две нуклеарни подморници да бидат позиционирани во соодветни региони, за секој случај ако овие глупави и провокативни изјави се повеќе од само реторика“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“, објави „Ројтерс“.

Трамп вчера му се закани на поранешниот руски лидер Дмитриј Медведев да „внимава на своите зборови“ и го нарече „неуспешен претседател“.

„Русија и Соединетите Американски Држави речиси и да немаат трговски односи. Да го задржиме тоа така и да му кажеме на Медведев, неуспешниот поранешен претседател на Русија, кој мисли дека е сè уште претседател, да внимава на своите зборови. Тој влегува во многу опасна територија“, напиша Трамп.

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност претходно се потсмеваше на ултиматумот на Трамп до Кремљ, во кој американскиот претседател го скрати рокот за Русија да ја заврши војната во Украина и ѝ се закани со тешки економски последици ако не го стори тоа.

ИЗДВОЕНИ