По протестот, вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ добија плати, „Флораком“ и „Луна“ „извисија“

208

Вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ и нивните подружници „Флораком“ и „Луна“ денеска протестираа, блокирајќи ги булеварот  „Илинден“  (кај поранешно Матично) и мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје. Причина за протестот беа неисплатената плата за август и губењето на здравственото осигурување од денеска.

Од Сојузот на синдикати на Македонија информираа дека по завршувањето на протестите, им била исплатена платата на вработените во ЈП „Паркови и зеленило“, додека на вработените во „Флораком“ и во „Луна“ сè уште не им била исплатена.

– Доколку не се исплати, протестите ќе продолжат и во наредните денови, а СУТКОЗ и работниците ќе излезат повторно на улица, заедно со вработените во  „Флораком“ и во „Луна“, во периодот од 10:00 до 12:00 часот, со блокирање на булеварот „Илинден“ (кај поранешно Матично) – информираат од Синдикатот.

 

 

ИЗДВОЕНИ