недела, февруари 22, 2026
Дома БАЛКАН По протестите на опозицијата во Тирана: Полицијата приведе 52 лица, а уапси...

По протестите на опозицијата во Тирана: Полицијата приведе 52 лица, а уапси 17, 35 се под истрага

10
Фото: EPA/MALTON DIBRA

Вкупно 52 лица се приведени по протестот на опозицијата во Тирана – 17 се уапсени, додека 35 се под истрага на слобода, соопшти полицијата.

Протестот во Тирана синоќа заврши со тензии и судири со полицијата, објави RTSH.

По говорот, група демонстранти се судрија со органите на редот во близина на канцеларијата на премиерот Еди Рама, при што некои учесници фрлаа молотови коктели кон зградата.

Полицијата интервенираше со употреба на солзавец за да ја растера толпата.

Протестот потоа се пресели во зградата на парламентот, каде што беа регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи направи, по што следеше уште една полициска интервенција.

Во судирите беа повредени неколку лица, кои беа хоспитализирани.

Полицијата потсети дека протестот претходно не бил одобрен, повикувајќи се на претходни инциденти и информации дека насилството може да се повтори.

ИЗДВОЕНИ