вторник, февруари 10, 2026
Дома БАЛКАН По пресудата за Тачи: Албанскиот претседател Рама го нарече обвинителот на хашкиот...

По пресудата за Тачи: Албанскиот претседател Рама го нарече обвинителот на хашкиот суд „меѓународен идиот“

1252
Премиерот на Албанија Еди Рама го нарече специјалниот обвинител на хашкиот суд Метју Холинг „меѓународен идиот“.

Еди Рама сподели снимка од излагањето на тој обвинител во хашкото судење на поранешниот лидер на ОВК Хашим Тачи, и на тројцата кообвинети за воени злочини на Косово и Албанија (1998-99) во кое се наведува дека Тачи се обидел да ја измами и меѓународната заедница.

„Тачи беше способен да го прикрие она што навистина се случувало, посебно (поранешниот лидер на ОВК) Хашим Тачи и (Весли) Кларк покажаа дека немале интерес да разберат што се случува „во стварноста“ рече вчера Хулинг.

За впечатоците на тие сведоци – кои утврдиле дека Тачи не бил воен командант на ОВК и дека не бил вмешан во злочините – обвинителот сугерираше дека се површни, со оглед на тоа дека не биле засновани на подлабоки сознанија за организацијата и дејствувањето на ОВК, туку на лични средби и разговори.

„Со тие искази не треба да им се дава никаква тежина“, им рече на судиите обвинителот Хулинг за речиси идентичните сведочења на Рубин, Клар и другите сведоци во одбраната на Тачи.

ИЗДВОЕНИ