среда, јануари 28, 2026
Дома СВЕТ По пожарот во Швајцарија, исчезнаа снимки од 250 камери: Кој ја крие...

По пожарот во Швајцарија, исчезнаа снимки од 250 камери: Кој ја крие вистината?

37
EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, каде што 40 лица загинаа, а повеќе од 100 беа повредени во новогодишен пожар во барот „Le Constellation“, истрагата доби нова, непријатна димензија. Според Swissinfo, повикувајќи се на Neue Zürcher Zeitung (NZZ), снимките од најмалку 250 јавни камери во градот оттогаш се избришани, иако можеа да бидат клучен доказ.

Кантоналната полиција Вале наводно обезбедила снимки од полноќ до 6 часот наутро на 1 јануари, а пожарот избувнал во 1:26 часот наутро. Сепак, обвинителството побарало дополнителни снимки (од 31 декември) дури на 15 јануари, кога периодот за автоматско бришење веќе истекол (седум дена), па општинската полиција повеќе немала пристап до материјалот.

Таквиот исход покренува сериозни прашања за одговорноста во командниот синџир. „Свисинфо“ наведува дека општинските прописи предвидуваат складирање на снимки за истражни цели, додека кантонските упатства за заштита на податоци и федералната судска пракса дозволуваат складирање до 100 дена во кривични случаи. Затоа клучното прашање е зошто системот функционирал во „автоматски“ режим токму во случајот на масовната трагедија.

Сомнежите се дополнително засилени со контрадикторните информации за приватниот видео надзор во самиот објект. Сопствениците тврдеа дека системот наводно откажал непосредно пред пожарот, додека во полициските документи, според „Свисинфо“, се споменува видео материјалот од внатрешноста на просториите што бил користен за реконструкција на настанот.

Во исто време, швајцарските медиуми и меѓународните агенции потсетуваат дека истрагата веќе вклучува прашања за противпожарна безбедност и надзор на зградата, вклучително и наводи дека со години немало соодветни контроли.

ИЗДВОЕНИ