сабота, јули 4, 2026
Дома МАГАЗИН По повод Денот на Независноста денеска е закопана американска временска капсула на...

По повод Денот на Независноста денеска е закопана американска временска капсула на 250 години

0
Фото:википедија

Денес беше закопана временска капсула на 250 години, по повод националниот празник на Соединетите Американски Држави, 4 јули, според американските медиуми.

Капсулата беше закопана во Националниот историски парк „Независност“ во Филаделфија, Пенсилванија, во чест на 250-годишнината од раѓањето на Соединетите Американски Држави, пренесува „Танјуг“.

Капсулата, тешка 900 килограми, ќе остане закопана до 2276 година.

Сите 50 држави, Вашингтон и пет територии на САД донираа значајни предмети за временската капсула, вклучувајќи ткаенина од авионот на браќата Рајт, коска од северноатлантски кит, пердув од белоглав орел користен во Граѓанската војна, златен олимписки медал и „Apple iPhone 17 Pro Max.

Проектот за временска капсула е резултат на повеќегодишна соработка помеѓу иницијативата Америка250, Националниот институт за стандарди и технологија (NIST), Конгресната библиотека, Националната служба за паркови, Историскиот фонд за независност и дополнителни партнери во проектот.

Капсулата од не’рѓосувачки челик е дизајнирана да трае 250 години, е водоотпорна и се состои од два дела.

Контејнерот во облик на цевка го носи драгоцениот товар на капсулата, додека поголем уред во облик на ѕвонче го запечатува со воздушен џеб.

Високотехнолошката кутија ќе остане закопана во Националниот историски парк за независност, местото на потпишувањето на Декларацијата за независност и Уставот, и ќе остане запечатена до 4 јули 2276 година.

ИЗДВОЕНИ