По повеќе од една година почна судењето за нападот во салата „Крокус“ во Москва, кога беа убиени 149 луѓе

90

 

Под силно обезбедување во Москва почна судењето на деветнаесетмина обвинети за нападот во концертната сала „Крокус“ на 22 март лани, кога беа убиени 149 и ранети преку 600 луѓе.

Пред повеќе од една година четворица напаѓачи упаднаа во салата „Крокус“ и почнаа да пукаат, по што подметнаа пожар. Одговорноста за нападот ја презеде фракција на Исламска држава, но рускиот истражен комитет во јуни заклучи дека нападот бил планиран и извршен во интерес на сегашната власт на Украина за да се дестабилизира политичката ситуација во Русија. Исто така, беше наведено дека четворицата напаѓачи се обиделе да избегаат во Украина. Тие се идентификувани како Таџикистанци и беа уапсени неколку часа по нападот. Украина демантира дека стои зад нападот.

Комитетот соопшти дека шест лица се обвинети во отсуство за наводно регрутирање и организирање на обуката на четворицата. Останатите се обвинети дека им помагале.

ИЗДВОЕНИ