По острите пораки исчезна! Каде е Али Хамнеи – ни трага ниту глас од врховниот лидер на Иран

68

Од 13 јуни, Израел нанесе огромна штета на воената инфраструктура на Иран, иранските ракети пробија израелски одбранбени системи, а САД извршија напади врз нуклеарната програма на Техеран. Во текот на сите овие настани, многумина беа љубопитни за тоа каде се наоѓа ајатолахот Али Хамнеи, врховниот лидер на Иран, кој првично испрати прилично остри пораки, пишува Њујорк Тајмс.

Водителот на иранската државна телевизија постави прашање што ги заинтересира толку многу луѓе во Иран – од политичката елита до луѓето на улица.

„Луѓето се многу загрижени за врховниот лидер“, му рече водителот на официјален претставник од канцеларијата на ајатолахот Али Хамнеи во вторникот. „Можете ли да ни кажете како е?“

Тој истакна дека гледачите испратиле многу пораки со истото прашање. Но, официјалниот претставник, Мехди Фазаели, шеф на канцеларијата на Хамнеи, не даде директен одговор.

Наместо тоа, како што пишува Њујорк Тајмс, Фазаели рекој дека и тој добил бројни прашања од службени лица и други загрижени за Ајатолахот по жестоката кампања за бомбардирање на Израел и Соединетите држави.

– Сите треба да се молиме, рече тој.

– Луѓето кои се одговорни за заштита на врховниот лидер добро ја вршат својата работа. Ако даде Господ, нашиот народ може да ја прослави победата покрај нивниот водач, Божја волја, рече тој.

Хамнеи, кој го има последниот збор за клучните одлуки во Иран, не е виден јавно или ниту се огласдил речиси една недела, и покрај кризата со која се соочи неговата земја.

ИЗДВОЕНИ