сабота, февруари 21, 2026
Дома СВЕТ По одлуката на Врховниот суд: Трамп потпиша извршна наредба со која се...

По одлуката на Врховниот суд: Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални царини од 10 проценти

22
EPA/YURI GRIPAS / POOL

Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални царини од 10 проценти, откако Врховниот суд вчера ги укина неговите царинските тарифи од април минатата година.

– Голема чест ми е да потпишам во Овалната соба глобална царина од 10 проценти за сите земји, која стапува во сила речиси веднаш, напиша Трамп на Truth Social.

Неколку часа претходно, Трамп ja најави за мерката, велејќи дека новите царини од 10 проценти ќе бидат „дополнителни на нормалните царини што САД веќе ги наплаќаат“.

Трамп нагласи дека царините ќе бидат воведени согласно Член 122 од Законот за трговија од 1974 година, кој му дава на претседателот овластување да воведува привремени трговски тарифи за решавање на проблемите со платниот биланс.

Трамп го објави потегот откако Врховниот суд на САД претходно ги поништи сеопфатните царински тарифи што тој ги воведе минатиот април.

Пакетот, кој опфаќаше десетици земји, се повикуваше на Законот за меѓународни економски овластувања во вонредни состојби од 1977 година. Врховниот суд на САД пресуди дека иако законот му дозволува на претседателот да ја регулира надворешната трговија за време на национална вонредна состојба, тој не му дозволува да воведува царини.

ИЗДВОЕНИ