По одложување на санкциите само до следната недела НИС од САД бара посебна лиценца за да може да работи

34

Нафтената индустрија на Србија – НИС во неделата до Минситерството за финансии на САД поднела ново барање за издавање посебна лиценца со која се одложува целосната примена на санкциите и се овозможува непречено извршување на оперативните активности, соопшти во понеделникот компанијата. НИС исто така, поднесе и дополнување на барањето за симнување од листата СДН (Specially Designated Nationals), се наведува во соопштението и се додава дека станува збор за долготраен и комплексен процес, а дека иницијалното барање е пратено на 14 март годинава.

САД во јануари годинава воведоа санкции кон НИС поради руски удел во сопственоста. Досега санкциите се одложувани шестпати, последниот пат до 1. октомври, но претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека тој рок е дополнително продолжен до 8. или 9. октомври.

ИЗДВОЕНИ