По новата владина прераспределба на Зеленски: Денис Шмихал поднесе оставка од функцијата премиер на Украина

342

Денис Шмихал поднесе оставка од функцијата премиер на Украина.

Тој објави фотографија од својата оставка на социјалната мрежа „Телеграм“, која ја проследи до Врховната рада, објави „Укринформ“.

Тој, исто така, му се заблагодари на украинскиот претседател Володимир Зеленски за довербата и на целиот негов тим за нивната неуморна борба за нацијата.

Зеленски предложи владата во наредниот период да ја предводи првиот заменик-премиер и министер за економија Јулија Свириденко.

Тој додаде дека искуството на Шмихал би било корисно на позицијата министер за одбрана во реконструираната влада, според украинската новинска агенција.

ИЗДВОЕНИ