По напорниот работен ден, малкумина имаат волја да поминат часови во кујната. Сепак, тоа не значи дека мора да се откажете од топол, вкусен и домашен оброк. Добрата вест е дека со малку организација и вистински рецепти, вечерата може да биде на маса за помалку од половина час. Подолу ви претставуваме три едноставни идеи кои ќе ви заштедат време, а сепак ќе ви го дадат задоволството од готвењето и јадењето заедно.
1. Пилешко Алфредо
Пилешкото Алфредо е познато псевдоиталијанско јадење кое всушност потекнува од САД. Прилично е лесно да се направи и сè се прави во една тава, а целиот рецепт можете да го најдете тука.
2. Супа од леќа и сланина
Ви донесуваме рецепт за вкусна и заситувачка супа од леќа и сланина која е готова за само половина час! Доколку сакате, можете да ја изгмечите супата со блендер за да добиете кремаста текстура, а рецептот е тука.
3. Солсбери стек со сос од печурки
Солсбери стекот е одличен начин да се претвори обична плескавица од говедско месо во нешто неверојатно. Овој рецепт за сочен бургер со сос од печурки го пробале сите, а рецептот е тука.