среда, февруари 18, 2026
Дома СВЕТ По лавината во планинска област во Северна Калифорнија: Властите потврдија дека осум...

По лавината во планинска област во Северна Калифорнија: Властите потврдија дека осум скијачи се пронајдени мртви, еден уште се води за исчезнат

22
screenshot video

Осум скијачи загинаа, а еден сè уште се води како исчезнат откако лавина погоди планинска област во Северна Калифорнија, потврдија властите. Лавината ја погоди областа Касл Пик во Траки, околу 16 километри северно од езерото Тахо, вчера околу 11:30 часот по локално време, објави „Скај њуз“.

Несреќата се случила кога лавина затрупала група од 15 скијачи кои биле надвор од патеката. Според соопштението од туристичката компанија „Блекбрд маунтин гајдс“ (Blackbird Mountain Guides), која го организирала патувањето, групата се враќала од тридневно патување.

Властите првично барале девет лица кои се водат како исчезнати, но до утрово биле потврдени осум смртни случаи, додека едно лице сè уште се води како исчезнато.

Шест лица од групата се спасени, вклучувајќи го водичот и пет клиенти. Тие успеале да изградат импровизирано засолниште од церади и да комуницираат со властите преку радио и текстуални пораки. Две од спасените лица не можеле да се движат и беа однесени во болница.

Калифорнија беше погодена од силна бура оваа недела, носејќи обилни снежни врнежи, силни ветрови и грмотевици во планинскиот регион.

Центарот за лавини во Сиера Невада издаде предупредување за централна Сиера Невада кое стапи на сила вчера во 5 часот наутро по локално време, истакнувајќи дека денес се очекуваат големи лавини. Опасните услови се создадени од брзото акумулирање на снег и ветрови со сила на ураган.

ИЗДВОЕНИ