По израелското предуредување за напад на Хесболах : Паника во јужните предградија на Бејрут во пресрет на Бајрам

103
Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Паника избувна на улиците на јужните предградија на Бејрут, а сообраќајот беше блокиран откако Израел повика на евакуација на неколку области во очекување на напад врз објекти за кои израелската војска тврди дека ги користи проиранското движење Хезболах, објави агенцијата „Франс-прес“.

Некои жители испукале куршуми во воздух за да побараат евакуација, а повеќето од нив ги напуштиле своите домови.

Новинската агенција „АНИ“ објави дека припадници на израелската армија, исто така, испукале предупредувачки куршуми.

Паниката околу најавениот напад се појави во пресрет на Курбан Бајрам, муслимански празник што започнува утре.

Израелската армија објави дека „наскоро ќе изврши напад врз подземни места за производство на беспилотни летала“ намерно поставени меѓу цивилното население во јужните предградија на Бејрут.

Израел редовно извршува напади низ Либан, таргетирајќи ги она што го нарекува цели или борци на Хезболах и покрај прекинот на огнот. Израел тврди дека има поддршка од САД за овие акции против Хезболах.

 

 

Н

ИЗДВОЕНИ