По израелскиот напад врз Катар арапските земји заговараат формирање „исламски НАТО“

45

На 9 септември, израелски борбени авиони лансираа балистички ракети врз Катар. Цел беа припадниците на Хамас што се сретнаа во луксузна населба во Доха за разговори околу прекин на огнот во Газа.

Катар не можеше ефикасно да се одбрани, и покрај тоа што таму се наоѓа најголемата американска база во регионот и државата има статус на „главен сојузник надвор од НАТО“. Нападот ја разниша довербата на земјите од Персискиот Залив во американската заштита и ги поттикна на барање поголема стратешка автономија. Сè погласни се повиците за регионална соработка и за заедничка одбрана. Некои политичари дури бараат формирање на „исламски НАТО“, пренесува „Дојче веле“.

На итниот самит организиран од Арапската лига и од Организацијата за исламска соработка, Египет предложи создавање заеднички сили по моделот на НАТО. Премиерот на Ирак, Мохамед Шиа ал Судани, повика на колективен пристап кон регионалната безбедност, а шесте членки на Советот за соработка во Заливот (Бахреин, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија и ОАЕ) најавија активирање на клаузулата за заедничка одбрана од 2000 година.

Иако идејата за „исламски НАТО“ сè почесто се споменува, аналитичарите предупредуваат дека е нереален таквиот модел, бидејќи би ги обврзувал земјите од Заливот на конфликти што не се директно во нивни интерес. Наместо тоа, се разгледува форматот „6+2“, во кој би учествувале шесте членки на Советот за соработка во Заливот, заедно со Турција и со Египет.

 

ИЗДВОЕНИ