Унгарската полиција ја заврши истрагата за обид за убиство. Мајка и ќерка се осомничени дека се обиделе да го отрујат сопругот, одосно зетот, ставајќи му рицин во кафето. Случајот е сега предаден на обвинителството на понатамошна постапка, пишува Daily News Hungary.
Според соопштението на полицијата, случајот бил отворен во јули минатата година откако 42-годишен маж пријавил сомневања дека неговата 53-годишна сопруга и нејзината 76-годишна мајка планираат да го убијат. Истражителите велат дека двете жени набавиле семки од рицинус, кои ја содржат екстремно токсичната супстанца рицин, и ги покиснале за да го извлечат отровот.
Добиената течност потоа, како што се сомнева, ја измешале во неговото кафе. Меѓутоа, планот не им успеал бидејќи потенцијалната жртва станала сомничава и одлучила да не го пие кафето. Поради тоа мажот не претрпел никакви повреди ниту неговото здравје било загрозено, и покрај потенцијалната смртоносна природа на отровот.
Од полицијата изјавија дека доказите собрани во текот на истрагата го потврдуваат основаниот сомнеж за извршување казненио дело обид за убиство. Двете жени се испрашани во својство на осомничени, приведени се, а потоа со судски налог им е одреден притвор. По завршувањето на истрагите, полицијата го проследила досието до обвинителството со предлог за поднесување обвиненија.












