
Несреќите во Андалузија, каде што како можна причина беше наведено напукнување на пругата, и во Каталонија, каде што дојде до одрон на заштитниот ѕид на карпа на автопат при невреме со дожд, предизвикаа критики на сметка на левата влада на премиерот Педро Санчез.
Меѓу оние кои во анкетата се изјаниле дека ќе се откажат од возење со воз, или имаат намера да се откажат, 57 од испитаниците се гласачи на десните опозициски партии „Вокс“ и „Народна партија“:
Околу 39 проценти од испитаниците рекле дека имаат мала доверба во шпанските железници, додека 19 проценти немаат никаква, покажа анкетата. Околу 40 проценти рекле дека имаат многу и доволно доверба.
Синдикатите на железничките работници вчера започнаа тридневен штрајк за да ја притиснат владата да инвестира повеќе во безбедноста на возовите.
Но, тие го прекинаа штрајкот истиот ден откако постигнаа договор со владата во Мадрид.
Договорот меѓу синдикатите и Министерството за транспорт содржи 25 точки поделени во три главни столба: нови мерки и безбедносни прописи, зголемени инвестиции во одржување на инфраструктурата и обезбедување на потребниот персонал за спроведување на овие подобрувања, пренесува „Хина“.











