Во Зоолошката градина продолжува пцовисувањето на животни предизвикано од пневмонија или од туберкулоза. Така, пред една недела, на седумгодишна возраст пцовиса гибонката Софи, а утринава на 17-годишна возраст и европски бизон

 

Од скопската Зоолошка градина информираа дека утрinava пцовисал европски бизон кој имал 17 години. Оттаму велат дека животниот век на овие животни е од 14 до 20 години.

На овој величествен и редок претставник на европската дива фауна  кој од 2011 година бил еден од најимпресивните жители на нашата зоолошка градина пред околу година и половина му била дијагностицирана пневмонија, по што следувал долготраен процес на терапија и внимателно следење од страна на тим ветеринари и неговите негуватели од Зоолошката.

– Иако со многу посветеност успеавме да ја стабилизираме неговата состојба, во изминатите две недели повторно покажа знаци на слабост и отежнато дишење. Веднаш беше вклучена интензивна секојдневна антибиотска терапија одредена според антибиограм и постојан надзор, но за жал, и покрај сите наши напори, не успеавме да го спасиме – соопштија од Зоолошката градина.

Претходно, пред една недела, на седумгодишна возраст, пцовиса гибонката Софи. Како што известија тогаш од Зоолошката, според наодите од Факултетот за ветеринарна медицина по направените испитувања околу причините за пцовисувањето, таа била позитивна на Mycobacterium tuberculosis complex (MTBC) според направена PCR-метода на Институтот за ветеринарна медицина.

Починаа и две лами од кои едната, исто така, од туберколоза. Почина и мајмунката Жанина, кај посетителите позната како Нина од видот сијаманг.

Ги нема повеќе и жирафите, слоницата Дуња, царскиот орел, лавот Жика, ретките пржевалски коњи, а имаше и епидемија на птичји грип.

(А. П.)

 

 

ИЗДВОЕНИ