Жители на населбата Стопанство реагираат дека брзото возење по експресниот пат Градско – Фариш е опасност по нив. Имено, црниот биланс на овој пат покажува дека во две сообраќајни несреќи има еден загинат, еден повреден возачи и тешко повредено дете.

Жителите велат дека во овој период излетал камион шлепер од патот и ја бутнал оградата поради што сообраќајот бил 5 часа во прекин. Но, велат дека ова излетување не е единственото и дека забележале уште неколку автомобили кои поради големата брзина ја пробиваат еластичната ограда и завршуваат во нивните дворови.

Возачи кои секојдневно го возат овој пат велат дека на патот е поставена сообраќајна сигнализација која укажува на дозволената брзина, но очигледно дека некои не ја почитуваат.

Јас лично го возам тој експресен пат, има знаци за намалување на брзината и ако влезеш да возиш со дозволената брзина, нема никаков безбедносен ризик. Проблемот е во сообраќајната некултура на возачите и непознавањето на терминот „експресен пат“ и прописите за експресен пат. На сите експресни патишта, за жал, ни гинат луѓе затоа што возат пребрзо. Е тоа е тема на која треба да се работи – вели Ж.В.

Помпезно пуштен во февруари годинава, пет месеци подоцна жители на населбата Стопанство реагираат дека брзото возење по експресниот пат Градско –Фариш е опасност по нив. Имено, црниот биланс на овој пат покажува дека во две сообраќајни несреќи има еден загинат, еден повреден возачи и тешко повредено дете.

Жителите велат дека во овој период излетал камион – шлепер од патот и ја бутнал оградата поради што сообраќајот бил 5 часа во прекин. Но, велат дека ова излетување не е единственото и дека забележале уште неколку автомобили кои поради големата брзина ја пробиваат еластичната ограда и завршуваат во нивните дворови.

Тие реагираат дека ова се случува поради брзото возење по експресниот пат. А особено црна точка е свијокот кај нивното населено место кога од Прилеп се влегува на автопатот кон Скопје.  За проблемот апелирале до надлежните како и до изведувачот „Штрабак“ уште кога се градел патот, но оттаму немале слух за тоа. Поради тоа, размислуваат да го блокираат патот надевајќи се дека надлежните сериозно ќе го сфатат нивниот проблем.

Возачи кои секојдневно го возат овој пат велат дека на патот е поставена сообраќајна сигнализација која укажува на дозволената брзина, но очигледно дека некои не ја почитуваат.

– Јас лично го возам тој експресен пат, има знаци за намалување на брзината и ако влезеш да возиш со дозволената брзина, нема никаков безбедносен ризик. Проблемот е во сообраќајната некултура на возачите и непознавањето на терминот „експресен пат“ и прописите за експресен пат. На сите експресни патишта, за жал, ни гинат луѓе затоа што возат пребрзо. Е тоа е тема на која треба да се работи – вели Ж.В.

Сообраќајната терминологија го дефинира поимот „експресен пат” како јавен пат кој е специјално изграден и наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, означен со пропишан сообраќаен знак, со најмалку по една лента за секоја насока и лента за застанување, на кој сообраќајот може да се вклучи, односно исклучи само на одредени и посебно изградени приклучоци и кој е заштитен од пристап надвор од овие површини.

Експресниот пат има по една сообраќајна лента во секоја насока, кои меѓусебно се разделени со полна или со испрекината линија зависно од конфигурацијата на теренот. Покрај сообраќајната лента за движење на возилата, на експресниот пат има и лента за застанување на возилата која е наменета исклучиво за запирање на возилата. На експресниот пат не е дозволено движење на пешаци, велосипеди, трактори и други бавни возила.

Најголемата дозволена брзина е ограничена на 110 километри на час, освен доколку не е поинаку определено со сообраќаен знак.

Весникот ВЕЧЕР постави прашање до ЈП за државни патишта што ќе преземат за да се подигне безбедноста на овој пат, но до затворање на весникот одговор не добивме.

(С. Бл.)

ИЗДВОЕНИ