Мирјана Пајковиќ, поранешната државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, објави дел од својата преписка со Дејан Вукшиќ, поранешниот шеф на АНБ, кој исто така поднесе оставка откако експлицитните снимки беа објавени во јавноста.
Во делот наречен „закани“ на Инстаграм, Пајковиќ откри дел од својата преписка со Вукшиќ на „Ватцап“.

Инаку, видеата прикажуваат интимна врска помеѓу Пајковиќ и маж за кој се претпоставува дека е Вукшиќ, како и снимки на кои таа позира без облека.
Снимени се и моменти од автомобилот, каде што таа ги покажува своите голи гради, но и како позира без облека на снегот, а исто така се тркала покрај базенот додека некој ја прска со некаков вид течност. Патем, на социјалните мрежи беше пренесена објава во која Пајковиќ на прашањето „кој е нејзиниот омилен владетел на Црна Гора, таа одговара – Дејан Вукшиќ.












