По дводневниот прекин поради најава за бомба: Сообраќајот на патничките возови во Србија постепено се нормализира

54
Фото:википедија

„Србијавоз“ објави дека сообраќајот на патничките возови денес постепено се нормализира.

„Ги молиме патниците да се јават во кол-центарот на „Србијавоз“ на 011 360 28 99 за информации за нивните возови, бидејќи поради технички и технолошки причини не е можно веднаш да се воспостави сообраќајот за сите возови, како и за возовите од системот BG:VOZ“, објави „Србијавоз“.

Им се заблагодаруваат на патниците за разбирањето.

Инаку, железничкиот сообраќај низ цела Србија беше запрен еден ден пред најавениот студентски и граѓански протест во Белград, поради наводна закана со бомба.

Како што е наведено во соопштението на „Србијавоз“, на 27 јуни, во 10:18 часот, беше примен повик со анонимна дојава дека на сите возови се поставени експлозивни направи.

„Сообраќајот на сите патнички возови е привремено запрен додека надлежните државни органи не ги извршат потребните проверки“, соопшти тогаш „Србијавоз“, заблагодарувајќи им се на патниците за нивното разбирање.

ИЗДВОЕНИ