Во близина на Колешинските водопади, полициски службеници од СВР Струмица денеска околу 10.30 часот го пронајдоа 39-годишниот Р.Д., кој беше пријавен за исчезнат, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.
Неговиот исчезок на 14 август 2025 година го пријавила неговата мајка, 64-годишната Љ.Д. од Струмица, која информирала дека синот ѝ се оддалечил од дома на 13 август и не се вратил.