По два часа само една изјава! Завршени преговорите меѓу делегациите на Русија и Украина во Истанбул

68

Средбата на делегациите на Русија и Украина во Истанбул заврши по речиси два часа, соопшти извор од турското Министерство за надворешни работи.

„Русија постави барања кои се нереални и надминуваат се што некогаш било предмет на преговори“, изјави извор од украинската дипломатија по денешните разговори во Истанбул.

Според овој извор, меѓу руските барања е и повлекување на украинските сили од сопствената територија како услов за прекин на огнот.

Тој додаде дека има и други барања кои, како што вели, биле „неприфатливи од самиот почеток“.

ИЗДВОЕНИ