По дојава за закана во центарот на Хаг, полицијата го рани осомничениот со огнено оружје

50

Полицијата во Хаг одговори на дојава за закана во центарот на градот и го застрела и го рани осомничениот.

Осомничениот е однесен во болница, објави холандскиот радиодифузер НОС. Вчера околу 18:15 часот, полицајците одговорија на дојава за закана во центарот на градот, но не беа објавени детали за инцидентот.

Портпаролот на полицијата изјави дека полицаецот прво испукал предупредувачки истрел, а потоа истрел со кој го повредил осомничениот.

Полицијата уапси шест лица. Случајот го истражува Националниот оддел за кривични истраги, како што е случајот кога некој е ранет од полициски куршум, објави „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ