Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59% во однос на одлуката од 29.10.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,480%, кај дизелот за 1,760%, кај екстра лесното масло за 5,965% и кај мазутот зголемувањето е за 3,830%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0496%
Од денеска, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат 73,50 денари за литар моторен бензин 95, БС – 98 ќе се продава по 75,50 денари за литар, дизел гориво 70 денари за литар, масло за горење екстра лесно 69,50 денари за литар и мазутот М-1 НС – 36,057 денари за килограм, додека, пак, малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 2 денара за литар.












