По четири мандати како градоначалник на Илинден од ВМРО-ДПМНЕ, Жика Стојановски кандидат на СДСМ

151

Поранешниот градоначалник на Општина Илинден Жика Стојановски повторно ќе ја бара довербата на жителите, овојпат како кандидат за градоначалник на СДСМ.

Претходно, тој беше градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ во четири мандати, а на минатите избори беше независен кандидат.

СДСМ вчера објави уште дека утврдил уште тројца кандидати на вчерашната седница на Извршниот одбор.

Едис Хасан е кандидат за градоначалник на Шуто Оризари, Игор Христов е кандидат за градоначалник на Кочани, а Исуф Синани е кандидат за градоначалник на Долнени.

-Сите кандидати на СДСМ се луѓе со интегритет, докажани кадри со желба за работа и јасна визија за развој на своите општини – соопшти СДСМ.

ИЗДВОЕНИ