Поранешниот кошаркар на Париз и соиграч на македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, Микаел Јантунен, се пресели во турското Фенербахче. Јантунен (25) потпиша двегодишен договор со клубот од Истанбул, објави европскиот шампион.

Финскиот крилен центар имаше просек од 7,5 поени, 4,8 скока и една асистенција во неодамна завршената сезона во Евролигата, што беше негово деби на елитното натпреварување. Игра на истата позиција како и годинашниот најкорисен играч на завршната четворка на Евролигата, Најџел Хејс-Дејвис, кој се врати во НБА. Тој ја започна кариерата во својата родна земја, а стигна до Евролигата преку белгиското Остенде и италијанското Тревизо.

Тој е првото официјално засилување за новата сезона на Фенербахче, кое го напуштија МВП-играчот Хејс-Дејвис, Марко Гудуриќ, Ерик Меколум, Мелих Махмутолу, Кем Берч и Сертач Санли.

ИЗДВОЕНИ