По бруталниот напад на Киев: 15 убиени, од кои четири деца – Москва тврди дека се уште е заинтересирана за мировни преговори

181
EPA/SERGEY DOLZHENKO

Кремљ денес изјави дека сè уште е заинтересиран за продолжување на мировните преговори со Украина и покрај големиот и смртоносен руски ноќен напад врз Киев.

Украинските власти изјавија дека во нападот врз украинскиот главен град загинале најмалку 15 лица, меѓу кои и четири деца. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека ова е одговор на Москва на дипломатските напори за завршување на војната.

На прашањето дали постои контрадикција помеѓу искажаната желба на Москва да постигне напредок во мировните преговори и нападите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите дека двете страни продолжуваат да се напаѓаат меѓусебно, но дека Русија сè уште е заинтересирана да ги постигне своите цели преку дипломатија.

Руските сили продолжуваат да ја таргетираат украинската воена инфраструктура, а Украина продолжува да ја напаѓа руската инфраструктура, вклучително и цивилната инфраструктура, рече портпаролот. Песков постојано повторува дека Русија не ги таргетира намерно цивилите.

„Специјалната воена операција продолжува. Можете да видите дека нападите на режимот во Киев врз руската инфраструктура, честопати врз руската цивилна инфраструктура, исто така продолжуваат. Руските вооружени сили, исто така, ги извршуваат своите задачи“, рече тој.

Во исто време, Песков рече дека Русија „останува заинтересирана за продолжување на преговарачкиот процес со цел да ги постигнеме нашите цели преку политички и дипломатски средства“.

ИЗДВОЕНИ