По најавата дека ќе биде обновен хотелот „Бристол“, македонската компанија во областа на хотелиерството и угостителството, „Македонијатурист“ АД Скопје, има амбициозни планови да го му го врати на Скопје познатиот градски шарм, со тоа што ќе ги реконструира, уреди и опреми сите објекти со кои стопанисува, и тоа, како што вели, по највисоките стандарди што постојат во областа на хотелиерството. Во моментов, дел од нив се затворени, а станува збор за објекти со долгогодишна историја и јавна препознатливост. Како што информираа од акционерското друштво за весникот ВЕЧЕР, во идниот период ќе бидат реконструирани, реновирани и уредени хотелите „Јадран“ или кај скопјани познат како „Арапска  куќа“, „Турист“ и „Белви“. Од „Македонијатурист“ прецизираат дека во однос на хотелите „Бристол“ и „Јадран“, бидејќи се класифицирани како културно наследство, ќе се постапува целосно во согласност со конзерваторските услови и одобренија од надлежните институции

 

По најавата дека ќе биде обновен хотелот „Бристол“, македонската компанија во областа на хотелиерството и угостителството, „Македонијатурист“ АД Скопје, има амбициозни планови да го му го врати на Скопје познатиот градски шарм, со тоа што ќе ги реконструира, уреди и опреми сите објекти со кои стопанисува, и тоа, како што вели, по највисоките стандарди што постојат во областа на хотелиерството. На овој начин, велат од „Македонијатурист“, затворените хотели повторно ќе бидат ставени во функција.

– Во моментов, дел од нив се затворени, а станува збор за објекти со долгогодишна историја и јавна препознатливост –  информираат од „Македонијатурист“ за весникот ВЕЧЕР.

Во идниот период ќе бидат реконструирани, реновирани и уредени хотелите „Јадран“ или кај скопјани познат како „Арапска куќа“, „Турист“ и „Белви“.

Од „Македонијатурист“ прецизираат дека во однос на хотелите „Бристол“ и „Јадран“, бидејќи се класифицирани како културно наследство, ќе се постапува целосно во согласност со конзерваторските услови и одобренија од надлежните институции.

– Целта е тие да го задржат својот автентичен изглед и во обновен сјај да придонесат за враќање на скопскиот градски шарм – истакнаа од „Македонијатурист“ .

Во однос на сите хотели, течат постапките за прибирање понуди од овластени проектантски бироа.

– Откако ќе се приберат понудите, за чие прибирање транспарентно упативме јавен повик, ќе се избере проектантско биро за секој објект, кое ќе треба да изработи идеен, основен проект со сите фази, како и проект за внатрешно уредување. Потоа, согласно со утврдената динамика од нашите стручни тимови, условите на теренот и плановите на друштвото, ќе се утврди динамиката на реализацијата – објаснуваат  од „Македонијатурист“.

Во однос на тоа дали ќе има нови содржини, освен постојните во наведените хотели, од „Македонијатурист“ образложуваат  дека во овој момент не може да дадат детали, бидејќи, како што потенцираат, се наоѓаат во почетна фаза, во која сè уште не разработуваат конкретни проекти за реконструкција, во кои би се анализирала и функционалноста на одделни делови на хотелите.

– Јавноста, секако, ќе биде информирана во однос на деталите во иднина, но, секако, наша цел е да се понудат врвни хотелско-угостителски услуги – заклучија од „Македонијатурист“.

Хотелот „Јадран“ стои како доказ за културната различност и за архитектонската величественост. Поради својата архитектонска особеност, „Арапска куќа“ е прогласена за историски споменик на културата и таа е во втор степен на заштита на спомениците, како културно наследство. Овој уникатен објект го комбинирал богатото наследство на арапската култура со модерните удобности на доброуреден хотел, што го издвојувало како вистински скапоцен камен на угостителската сцена во Скопје. Од неговиот специфичен дизајн инспириран од арапско-маварскиот стил до неговата топла и пријатна атмосфера, „Арапска куќа“ нуди единствено искуство, кое ги поканува гостите да се нурнат во привлечноста на минатото и на сегашноста.

Првобитно, „Арапска куќа“ била семејна куќа во сопственост на браќата Агоп и Агавни Дикиниџијан, богати трговци Ерменци, а била изградена во периодот 1936-1938 година. Надворешноста на палатата била вистинска сензација за граѓаните на Скопје, со шарени полуелиптични џамлаци, на два ката, со балкони на столбовите, со кули наместо ќерамиди на покривот и со чудни шари на фасадата. На влезот имало масивна железна врата со иницијали А. Д., гравирани од благороден метал, бавча со водоскок и масивна ограда со орнаменти. Внатрешноста на палатата била со унгарски паркет со орнаментика, со жолто-зелени и црвени стакла, со црвени мермерни скали, со мермерни декорации од сини птици на скалите и во ходниците, со кристални лустери и со детали од слонова коска. Ерменецот Агоп Дикинџијан бил сопственик и на фабриката за шамии „Тулбенд“.

Архитект на Арапска куќа бил рускиот емигрант Иван Артемушкин, кој се доселил во Скопје непосредно по Октомвриската револуција. По смртта на Агоп и неговата сопруга Агавни, во „Арапска куќа“ живеел Рустем-бег со својата сопруга, Русинката Натали.

Во 1964 година, „Арапска куќа“ била преуредена во хотел, наречен „Јадран“. Последното преуредување на куќата е направено во 1989 година.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ