По безбедносни стандарди: Ќе се уништуваат гранати во полицискиот центар во Ѓорче Петров

19

Во петок во 07:00 часот ќе бидат уништени гранати во кругот на полицискиот центар во Ѓорче Петров, соопшти полицијата.

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 14.11.2025 (петок) во 07:00 часот во кругот на Полицискиот центар во Ѓорче Петров во Скопје ќе бидат уништени гранати, за кои според стручна анализа е утврдено дека не може да се транспортираат надвор од полицискиот центар“, информираат од таму.

Посочуваат и дека гранатите ќе бидат уништени според предвидените безбедносни стандарди.

ИЗДВОЕНИ