Судот во Луксембург објави дека ја донел одлуката по барање на германски суд, кој побарал од ЕСП да разјасни дали името безалкохолен џин е спротивно на правото на Европската Унија.
Претходно, германско здружение побара од судот во Потсдам да ја забрани продажбата на пијалокот „Вирџин џин без алкохол“, оценувајќи дека името ја прекршува директивата на ЕУ за дефиниција, опис, рекламирање и етикетирање на жестоки пијалоци, бидејќи џинот е исклучиво пијалок произведен од земјоделски етил алкохол со вкус на смрека.
Судот во Потсдам го потврди ставот на здружението, но сепак се обрати до ЕСП за совет, во дилемата дали неговата одлука ги прекршува претприемачките слободи.
„Нема ништо во Повелбата за основните права на ЕУ, која исто така ги гарантира претприемачките права, што е во спротивност со забраната“, оцени ЕСП.
Судот додаде дека „забраната не ја спречува продажбата на одреден производ, туку само неговата продажба под име кое е законски резервирано за одреден вид алкохолен пијалок“.
Во исто време, се наведува во соопштението, забраната е оправдана бидејќи нејзината цел е да се спречи забуна кај потрошувачите во врска со составот на некои производи и да се заштитат производителите кои ги исполнуваат барањата на европските закони од нелојална конкуренција.












