По барање на повредени пациенти од трагедијата во Кочани, доктор Катерина Паниќ – Мирчовска е нов в.д. директор на кочанската општа болница, потврди попладнево за МИА, заменик министерот за здравство Јовица Андовски.
Тој рече дека пациенти барале таа да биде таму, во текот на нивната рехабилитација.
„Вчера го потпишав решението. Таа е ставена како в.д. директор на оваа установа, бидејќи беше барана од пациентите за да присуствува на нивната рехабилитација, да биде таму, појасни Андовски за МИА.
Спец. д-р. Катарина Мирчовска родена на 20.05.1988 во Битола, вработена од јануари 2013 во општа болница Кочани, а од први јануари 2022 специјалист по општа хирургија. Од септември 2024 ја обавуваше функцијата раководител на одделението за општа хирургија, а од 01.06.2025 е редовно вработена во ГОБ 8 Септември.
На местото директор стапува на 09.06.2025 на местото на доктор Кристина Серафимова. Др. Мирчовска е коавтор на повеќе трудови од рамките на дигестивната и пластичната хирургија, учествувала на повеќе работилници, стручни престои и конгреси во земјата и странство и во моментот активно е вклучена во третманот и рехабилитацијата на пациентите со изгореници, во соработка со специјалисти од пластичната хирургија.
Пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, што се случи рано изутрина на 16 март, зеде 62 жртви, а околу 200 повредени беа пренесени на лекување низ болници во државава и во странство.