По 8.000 денари за секое новородено дете во Гази Баба

25

Од 01.01.2026 година, секое семејство во општина Гази Баба кое ќе има новородено дете ќе добие финансиска поддршка од 8.000 денари.

-Раѓањето на дете е најголемата радост, најголемата надеж и најсилната порака за иднината. Токму затоа, како локална самоуправа имаме обврска да бидеме поддршка на секое семејство во овој најважен животен момент  – велат од Општина Гази Баба.

Во 2022 година, од доаѓањето на Бобан Стефковски  за градоначалник на Општина Гази Баба, за прв пат се воведе мерката за финансиска помош од 5.000 денари за секое новороденче.

-Тоа беше почеток на една политика која ја става грижата за семејството и децата во самиот фокус. Со внимателни анализи, одговорно и домаќинско управување со буџетските средства, успеавме да направиме уште еден чекор напред и ја зголемивме помошта на 8.000 денари. Ова не е само бројка. Ова е порака. Порака дека општината стои зад младите брачни парови, зад мајките и татковците, зад секое ново дете кое се раѓа во Гази Баба – велат од Општина Гази Баба.

Оттаму додаваат дека со ваквите мерки директно се придонесува за зголемување на наталитетот, охрабрувајќи ги семејствата да се одлучат на најубавиот чекор – да донесат нов живот на светот.

ИЗДВОЕНИ