понеделник, јануари 26, 2026
Дома СКОПСКА По 8.000 денари за секое новороденче во Ѓорче Петров

По 8.000 денари за секое новороденче во Ѓорче Петров

11

Од оваа година, Општина Ѓорче Петров ќе доделува по 8.000 денари, еднократна финансиска поддршка за секое новородено дете, конкретна помош во најубавите, но и најодговорни моменти за секое семејство.

– Ова не е само финансиска мерка, туку јасна порака дека семејството, децата и иднината се нашиот приоритет, но и порака за посветеност кон семејството, децата и кон демографскиот развој, како и континуирана грижа за младите брачни парови кои ја градат својата иднина во Ѓорче Петров. Инвестираме во животот од самиот почеток. Продолжуваме со политики што носат сигурност, грижа и поддршка – таму каде што е најважно – велат од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, истакна дека оваа одлука е дел од пошироката визија за зајакнување на семејството како темел на локалната заедница.

– Секое новородено дете е нов почеток, надеж и наша заедничка одговорност. Со оваа зголемена финансиска поддршка испраќаме јасна порака дека стоиме зад младите семејства и дека инвестираме во животот од самиот почеток. Грижата за децата не е трошок, туку највредната инвестиција во иднината на нашата општина – изјави  Стојкоски.

Тој додаде дека финансиската поддршка од 8.000 денари претставува директна помош за родителите, но и симбол на општинска политика насочена кон создавање сигурна, стабилна и охрабрувачка средина за раст, развој и достоинствено детство.

ИЗДВОЕНИ