недела, февруари 1, 2026
Дома СКОПСКА По 8.000 денари за секое новороденче или посвоено дете до една година...

По 8.000 денари за секое новороденче или посвоено дете до една година во Аеродром

10

Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром, кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.

Од Општина Аеродром информираат дека со оваа мерка директно ги поддржуваат семејствата во првите месеци од грижата за детето.

– Секое новороденче носи нова радост и голема среќа во нашата општина. Oпштина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани. Секое дете е наша радост, наша иднина и најголемо богатство – нагласуваат од локалната самоуправа

ИЗДВОЕНИ