По 738 дена заложништво, добредојде дома за израелците Алон, Еитан, Гај, Зив, Гали, Омри и Матан!

37
Фото: Israel Foreign Ministry X

Израелското Министерство за надворешни работи објави на платформата X дека Хамас ги ослободи седумте израелски заложници, киднапирани за време на нападот на 7 октомври 2023 година, по повеќе од две години заложништво.

„Чекавме 738 дена за да го кажеме ова: добредојде дома, Алон, Еитан, Гај, Зив, Гали, Омри и Матан!“, се вели во соопштението на министерството со фотографии од ослободените мажи.

Според израелските власти, сите биле киднапирани во 2023 година за време на нападот на Хамас врз јужен Израел, кога милитантите убиле околу 1.200 луѓе и однеле повеќе од 250 заложници во Појасот Газа. Меѓу ослободените се Алон Охел, Еитан Мор, Гај Гилбоа-Далал, Зив и Гали Берман, Омри Миран и Матан Ангрест.

Заложниците биле држени во сурови и нехумани услови за време на нивното заложник, без соодветна медицинска нега и под постојан надзор на милитантите на Хамас, објави претходно Израел.

ИЗДВОЕНИ