Најверојатната причина за враќањето на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл во Велика Британија е улогата во филмот во кој Маркл е избрана, а снимањето треба да започне во ноември, објавија денес светските медиуми.
Врз основа на информациите добиени од австралискиот портал News.com од извори запознаени со ова прашање, Маркл треба да се игра себеси во филмот „Блиски лични пријатели“ во кој глумат Лили Колинс, Бри Ларсон, Хенри Голдинг и Џек Квејд, продуциран од Amazon MGM Studios.
Веста ја објавија сите светски медиуми, од Sky News, BBC до списанието People.
Се наведува дека деталите за филмот, кој треба да започне со снимање во Велика Британија, сè уште треба да се разработат.
Војводата и војвотката од Сасекс објавија дека ќе се преселат од Калифорнија во Велика Британија и дека нивните деца веќе се запишани во училишта во Лондон.












