По 50 години, Стаклара и Каменик ќе добијат чиста вода за пиење

31

Жителите од населените места Стаклара и Каменик, по половина век ќе добијат чиста вода за пиење. Општина Кисела Вода започна со поставување на водоводна мрежа од околу шест километри.

Во овој проект учествува и Министерството за животна средина преку Европската инвестициона банка во првата фаза, додека Општина Кисела Вода со свои средства ја реализира втората фаза.

– Согласно со динамиката на работа во реализацијата на проектот, ќе се изгради пумпна станица и потисен цевовод до резервоар, како и главен цевовод низ населбата. Ова исто така значи дека и по завршувањето на градежните активности, го затвораме поглавјето со подземна инфраструктура и конечно, по 50 години, Стаклара ќе биде последното место без соодветно водоснабдување – изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека потоа следува и асфалтирање на сите улици, со што Стаклара од една заборавена населба ќе стане уште една гордост на Кисела Вода.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ