По 5.000 денари за секое новороденче во општина Бутел

31

Општина Бутел обезбеди средства за еднократен паричен надомест за секое новороденче во општина Бутел, во износ од 5.000 денари.

Градоначалникот, Дарко Костовски изрази задоволство и истакна дека предизборното ветување за финасиска поддршка од 3.000 денари за новороденче, се исполнува со зголемување на помошта, во износ од 5.000 денари.

-Локалната  самоуправа за првпат обезбедува средства во износ од 5.000 денари, како резултат на домаќинска работа и менаџирање на буџетот. Финансиската поддршка за секое новороденче е активност во рамки на програмата за социјална заштита за 2026 година и заложба на градоначалникот за подобрување на условите за младите семејства во општина Бутел. Покрај тоа, локалната  самоуправа инвестира во инфраструктура која ќе ја подобри иднината на секое дете – се градат две градинки во Бутел 1 и Бутел 2, а наскоро ќе започне изградба на нови градинки во Радишани,   Визбегово и Бутел 1 –  соопштија од Општина Бутел.

ИЗДВОЕНИ