Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на Општината, во висина од 3.500 денари. Рокот за пријавување тече од денеска и ќе трае до 30 септември 2025 година.
Потребно е заинтересираните граѓани да поднесат во архивата на Општината потврда за запишан ученик во прво одделение, во учебната 2025/2026 година, заверена од основно училиште на територијата на Општина Аеродром или од основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и, на увид, лична карта или патна исправа на барателот.