Општина Гази Баба и оваа година ќе додели финансиска поддршка за секое дете запишано во прво одделение.
– Овој проект има цел директно да ги поддржи семејствата на нашите најмлади ученици во еден од најважните моменти од нивниот живот: почетокот на формалното образование. Со доделувањето еднократна помош во висина од 3.000 денари за дете сакаме да придонесеме за полесно справување со трошоците што се јавуваат при подготовката за прво одделение: набавка на училиштен прибор и на другите потребни материјали – соопштија од Општина Гази Баба.