По 3 000 денари за секое прваче во Гази Баба

23

Општина Гази Баба и оваа година ќе дофели финансиска поддршка за секое дете запишано во прво одделение.

-Овој проект има за цел директно да ги поддржи семејствата на нашите најмлади ученици во еден од најважните моменти од нивниот живот-почетокот на формалното образование. Со доделување на еднократна помош во висина од 3 000 денари по дете, сакаме да придонесеме за полесно справување со трошоците кои се јавуваат при подготовката за прво одделение: набавка на училишен прибор и други потребни материјали – соопштија од Општина Гази Баба.

Оттаму додаваат дека оваа мерка е насочена кон: поттикнување на еднакви можности за сите ученици, финансиска поддршка за младите семејства и унапредување на условите за образование од самиот почеток.

ИЗДВОЕНИ