четврток, јуни 4, 2026
Дома МАГАЗИН По 20 години, белите штркови се вратија во Чернобил

По 20 години, белите штркови се вратија во Чернобил

105

Белите штркови се вратија во градот Чернобил во регионот Киев и почнаа да се гнездат за прв пат по 20 години, објави денес на својот Фејсбук профил Агенцијата за зрачење и еколошка биосфера на Чернобил (AREB).

„Денес, во центарот на Чернобил, шест бели штркови градат гнезда на покривот на административна зграда во близина на градскиот споменик. Ова е вистинска сензација за Чернобил, бидејќи последното гнездење на бели штркови во нашиот град е забележано пред 20 години“, се вели во објавата на AREB на Фејсбук, пренесува Укринформ.

Биолозите од Агенцијата за зрачење и еколошка биосфера во Чернобил посочија дека појавата на шест птици во централниот дел од градот може да укажува на нови промени кај локалната популација што отвораат „интересни перспективи за понатамошни набљудувања“, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ