По 2.000 денари за пензионерите со минимални примања

42

Општина Бутел ќе доделува еднократна финансиска помош од 2.000 денари на најранливата категорија на пензионери со минимална пензија. За таа цел е објавен јавен повик кој е отворен од денеска и ќе трае до 03.07.2025 година.

Право на финансиска поддршка имаат: граѓани кои имаат постојано живеалиште на територија на Општина Бутел, кои се приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија чиј износ не е повисок од 18.192 денари.

Исплатата ќе биде на принцип „прв дојден – прв услужен”.

Потребната документација може да се достави секој работен ден во просториите на Општина Бутел, од 09:00 до 15:00 часот

 

ИЗДВОЕНИ