понеделник, февруари 2, 2026
Дома СКОПСКА По 2.000 денари за пензионерите со минимална пензија во Бутел

По 2.000 денари за пензионерите со минимална пензија во Бутел

24

Општина Бутел ќе им додели еднократна финансиска помош и поддршка во висина од 2.000 денари на најранливата категорија пензионери со минимална пензија. За таа цел е распишан јавен повик кој е отворен од денеска до 24.02.2026 година.

Право на финансиска поддршка можат да остварат:  граѓани кои имаат постојано живеалиште на територија на општина Бутел, приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија чиј износ не е повисок од 22.547 денари.

Исплатата ќе биде на принцип „прв дојден – прв услужен”.

Потребната документација може да се достави секој работен ден во просториите на Општина Бутел, од 09:00 до 15:00 часот.

ИЗДВОЕНИ