Општина Гази Баба им доделува субвенции на граѓаните за вградување уреди за течен гас/метан или друг вид алтернативно гориво во возилата за 2026 година. За таа цел е објавен јавен повик.
Општината покрива до 50 % од трошоците, но најмногу до 18.000 денари од возило, а се субвенционира едно возило по семејство.
Повикот трае до 30.11.2026 или до исцрпување на средствата.
Право на учество на јавниот повик имаат жителите на Општина Гази Баба што поседуваат возило произведено по 01.01.2007 година и ќе вградат уред по објавувањето на повикот.
Аплицирањето се врши со доставување на барањето и на потребната документација во затворен плик, до Општината.
Изборот се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“.












