Со Оперативниот план за вработување за 2025 година е опфатена и мерката „Обуки за жени и за млади до 29 години, во рок од 3 месеци, со месечен надоместок“. Во овој циклус се предвидува мерката обуки, со која ќе се опфатат над 2 000 лица со различни профили на поддршка, согласно со нивните потреби, но и со пазарната реалност.
Првата обука е наменета за невработените лица регистрирани во Агенцијата за вработување. Оваа обука ќе биде кај конкретен работодавец, на конкретно работно место. Овде се вклучени се 245 лица. Приоритет имаат жените, младите до 29 години и долгорочно невработените лица. Секоја личност ќе добива надоместок од 12 000 денари месечно во текот на обуката, која е во времетраење до 3 месеци.
Втората обука се однесува на обука за веќе побаруваните занимања на пазарот на трудот. Овде се опфатени 600 лица и фокусот на обуката е потврден со социјалните услуги, зелените работни места, трговијата и услугите. Исто како и во претходната, и овде надоместокот ќе биде до 12 000 денари месечно.
Обуките за напредни и основни вештини се однесуваат на обуките што се за компјутерски вештини и јазични обуки и опфаќаат 720 лица.
Обуките што се однесуваат на напредните дигитални и ИТ- обуки се преку лиценцирани програми. Ќе може да бидат опфатени и да ги искористат 470 лица, а секој учесник ќе добие меѓународно признат сертификат, што значително ќе ја зголеми неговата или нејзината конкурентност на пазарот на трудот.