Британскиот крал Чарлс Трети ја посети најстарата личност на светот, сто и шеснаесетгодишната Етел Катерхем, по повод нејзиниот роденден, кој го прослави со своето семејство во август, но изјави дека пригодно ќе го одбележи овој момент доколку ја посети кралот.
Тој го стори тоа откако го испрати американскиот претседател, Доналд Трамп, посетувајќи ја во домот за стари лица во Лајтвотер, пренесува „Скај њуз“.
– Се сеќавам кога Ве крунисуваше мајка ви во дворецот Карнавон. Сите девојки беа вљубени во вас и сакаа да се омажат за вас – му рече Катерхам на крајот Чарлс Трети при неговата посета, потсетувајќи се на настани од пред повеќе од 50 години.
На масата меѓу Катерхем и кралот Чарлс Трети се наоѓаше пригодна роденденска честитка од Кралот Чарлс и од кралицата Камила, една од покојната кралица Елизабета Втора и врамено, потпишано писмо со кое кралот ѝ го честитал 116. роденден.
Етел Катехем досега има добиено од кралот Чарлс и од неговата покојна мајка, кралицата Елизабета Втора, 17 роденденски честитки откако наполнила 100 години.
Во 2023 година, таа се појави на официјалната страница на кралското семејство на „Инстаграм“, каде што е снимена како ја прима честитката од кралот за 114. роденден.
Етел Катерхем во моментот е најстарата потврдена жива личност во светот, а родена е на 21 август 1909 година.