По 10 години се довршува фасадата на зграда на улицата „Желево“

20

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, информираше дека по десет години се довршува фасадата на зграда на улицата „Желево“.

Зградата започнала да се гради пред 10 години, но тендерот го добила фирма што не го исполнила својот дел од договорот.

Како што тврди Јакимовски, од тие причини и е раскинат договорот и е активирана банкарска гаранција, но, како што вели, судот пресудил во корист на фирмата, која не сакала да ја доврши фасадата на зградата.

– Оваа фасада ја довршуваме по 10 години, овој дел ќе чини 2.485.000 денари. Работите ги изведува фирмата „Алегна“ и очекуваме да биде завршена за 20 работни дена – изјави Јакимовски.

Тој упати и апел до граѓаните што живеат таму, да имаат разбирање поради тоа што мајсторите ќе доаѓаат порано на работа, а причина за тоа се самите услови и дневните температури.

 

 

ИЗДВОЕНИ