вторник, февруари 10, 2026
Дома СКОПСКА По 1.200 денари за чистење оџаци

По 1.200 денари за чистење оџаци

13

Општина Гази Баба субвенционира чистење оџаци на куќите, за што е објавен и јавен повик. Висина на субвенцијата е 1.200 денари по домаќинство.

Притоа, персоналниот данок е на товар на Општина Гази Баба.

Право на учество на јавниот повик имаат жители на општина Гази Баба, домаќинства со исчистен оџак во периодот од објавата на повикот до 30.11.2026 година, како и со фискална сметка и потврда од овластена фирма.

Барањето за субвенционирање со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Гази Баба, улица „Архимедова“ број 2 и тоа секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот.

– Загадениот воздух е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме. Со редовно чистење на оџаците се овозможува подобро согорување на огревното дрво, намалување на штетните честички ПМ-10 и ПМ-2.5, поголема заштита од пожари и зачувување на животната средина – велат од Општина Гази Баба.

ИЗДВОЕНИ